Јован 7:53-8:59
* Ракописите: Синајски кодекс, Ватикански кодекс и Синајско-сириски кодекс, не го содржат текстот што почнува со 53. стих од ова поглавје и завршува со 11. стих од 8. поглавје. Тие стихови (со одредени отстапувања во различните грчки текстови и преводи) гласат вака:
53 И секој си отиде во својот дом.
8 А Исус отиде на Маслинската Гора.
2 Но в зори пак се појави во храмот. И сиот народ надојде кај него, а тој седна и почна да ги поучува.
3 Тогаш книжниците и фарисеите доведоа една жена фатена во прељуба. Ја поставија во средина
4 и му рекоа: „Учителе, оваа жена е фатена во самиот чин на прељуба.
5 Мојсеј ни пропиша во Законот да ги каменуваме таквите. А што велиш ти ?“
6 А тоа го велеа за да го испитаат, да имаат за што да го обвинат. Но Исус се наведна и почна со прстот да пишува по земјата.
7 А бидејќи и понатаму го испитуваа, тој се исправи и им рече: „Кој од вас е без грев, прв нека фрли камен на неа!“
8 Потоа повторно се наведна и продолжи да пишува по земјата.
9 Кога го чуја тоа, се разотидоа, еден по еден, почнувајќи од старешините. А Исус остана сам со жената, која стоеше во средина.
10 Кога се исправи, Исус ѝ рече: „Жено, каде се твоите обвинители? Зарем никој не те осуди?“
11 Таа одговори: „Никој, господине“. А Исус ѝ рече: „Ни јас не те осудувам. Оди си и отсега немој повеќе да грешиш!“
12 Исус повторно им се обрати: „Јас сум светлината+ на светот. Кој оди по мене, нема да оди во темнина,+ туку ќе ја има светлината на животот“.
13 А фарисеите му рекоа: „Ти сведочиш сам за себе, твоето сведоштво не е вистинито“.
14 Исус им одговори: „Дури и да сведочам сам за себе, моето сведоштво е вистинито,+ бидејќи знам од каде дојдов и каде одам.+ Но вие не знаете од каде сум и каде одам.
15 Вие судите според надворешноста,+ а јас никого не судам.+
16 Дури и да судам, мојот суд е вистинит, зашто не сум сам, туку со мене е Таткото, кој ме испрати.+
17 Во вашиот Закон пишува дека сведоштвото од двајца луѓе е вистинито.+
18 Јас сум оној што сведочи за себе, а и Таткото, кој ме испрати, сведочи за мене“.+
19 Тогаш го прашаа: „Каде е твојот Татко?“ Исус одговори: „Вие не ме познавате ниту мене ниту мојот Татко.+ Да ме познававте мене, ќе го познававте и мојот Татко“.+
20 Тие зборови ги кажа во ризницата+ додека поучуваше во храмот. Но никој не го фати,+ зашто уште не беше дошол неговиот час.+
21 И пак им рече: „Јас си заминувам, и вие ќе ме барате,+ но ќе умрете во својот грев.+ Таму каде што одам јас, вие не можете да дојдете“.
22 Затоа Евреите рекоа: „Зар ќе се убие, зашто вели: ‚Таму каде што одам јас, вие не можете да дојдете‘?“+
23 А тој им рече: „Вие сте одоздола, а јас сум одозгора.+ Вие сте од овој свет,+ а јас не сум од овој свет.+
24 Затоа ви реков дека ќе умрете во своите гревови.+ Зашто, ако не верувате дека сум она што велам дека сум, ќе умрете во своите гревови“.+
25 Тогаш го прашаа: „Кој си ти?“ Исус им одговори: „Зошто, воопшто, ви зборувам?
26 Имам многу да кажам за вас и да судам. А оној што ме испрати ја зборува вистината, и она што го чув од него, тоа го зборувам во светот“.+
27 Но тие не сфатија дека им зборува за Таткото.
28 Затоа Исус рече: „Кога еднаш ќе го подигнете+ Синот човечки,+ тогаш ќе знаете дека јас сум тоа што велам дека сум,+ и дека ништо не правам сам од себе,+ туку зборувам така како што ме научи Таткото.+
29 Оној што ме испрати е со мене. Не ме остави сам, бидејќи јас секогаш го правам она што нему му е по волја“.+
30 Додека го зборуваше ова, мнозина поверуваа во него.+
31 На Евреите, кои му поверуваа, Исус им рече: „Ако останете во моите зборови,+ навистина сте мои ученици,
32 и ќе ја запознаете вистината,+ и вистината ќе ве ослободи“.+
33 А тие му одговорија: „Ние сме Авраамово потомство+ и никогаш никому не сме му робувале.+ Како велиш: ‚Ќе бидете слободни‘?“
34 Исус им одговори: „Вистина, вистина, ви велам, секој што прави грев, роб му е на гревот.+
35 А робот не останува во куќата засекогаш, но синот останува засекогаш.+
36 Значи, ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.+
37 Знам дека сте Авраамово потомство, но вие сакате да ме убиете,+ бидејќи мојата реч не наидува на одѕив кај вас.+
38 Јас го зборувам она што сум го видел кај мојот Татко,+ а вие го правите она што сте го чуле од вашиот татко“.
39 Тие му одговорија: „Наш татко е Авраам“.+ Исус им рече: „Ако сте Авраамови деца,+ тогаш вршете ги делата на Авраам!
40 А сега сакате да ме убиете мене, човек кој ви ја кажува вистината која ја чу од Бог.+ Авраам не правеше така.+
41 Вие ги вршите делата на вашиот татко“. А тие му рекоа: „Ние не сме родени од блуд, нашиот Татко е еден,+ Бог“.
42 Тогаш Исус им рече: „Да беше Бог ваш Татко, ќе ме сакавте мене,+ бидејќи јас дојдов од Бог и сега сум овде.+ Не дојдов сам од себе, туку тој ме испрати.+
43 Зошто не го разбирате она што го зборувам? Затоа што не сте во состојба да ја слушате мојата реч.+
44 Вашиот татко е Ѓаволот+ и сакате да постапувате според желбите на својот татко.+ Тој е човекоубиец откако се побуни,*+ и не остана постојан во вистината, бидејќи во него нема вистина. Кога зборува лага, го зборува своето, бидејќи е лажливец и татко на лагата.+
45 А јас ја кажувам вистината, и затоа не ми верувате.+
46 Кој од вас ме осудува за грев?+ Ако ја зборувам вистината, зошто не ми верувате?
47 Кој е од Бог, слуша што зборува Бог.+ Затоа вие не слушате, бидејќи не сте од Бог“.+
48 А Евреите му рекоа: „Зар не велиме со право дека ти си Самарјанин+ и дека демон има во тебе?“+
49 А Исус одговори: „Нема демон во мене, туку му укажувам чест на својот Татко,+ а вие ме обесчестувате.
50 Но јас не барам слава за себе;+ постои Оној што ја бара и суди.+
51 Вистина, вистина, ви велам, ако некој ја држи мојата реч, никогаш нема да види смрт“.+
52 А Евреите му рекоа: „Сега знаеме дека има демон во тебе.+ Авраам умре,+ а и пророците,+ а ти велиш: ‚Ако некој ја држи мојата реч, никогаш нема да вкуси+ смрт‘.
53 Да не си ти поголем+ од нашиот татко Авраам, кој умре? А и пророците умреа.+ За кого се претставуваш ти?“
54 Исус им одговори: „Ако самиот себе се прославувам, мојата слава не е ништо. Мојот Татко е тој што ме прославува,+ оној за кого вие велите дека е ваш Бог,
55 а не го познавате.+ Но јас го познавам.+ Ако речам дека не го познавам, ќе бидам лажливец како вас. Но јас го познавам и ја држам неговата реч.+
56 Вашиот татко Авраам многу се радуваше на надежта дека ќе го види мојот ден.+ И го виде и се зарадува“.+
57 Тогаш Евреите му рекоа: „Уште немаш ни педесет години, а сепак си го видел Авраам?“
58 Исус им одговори: „Вистина, вистина, ви велам, пред да се роди Авраам, јас постоев“.+
59 Тогаш зедоа камења за да ги фрлат на него,+ но Исус се скри и излезе од храмот.
Фусноти
^ Буквално: „од почетокот“.