Јов 42:1-17

42  Тогаш Јов му одговори на Јехова:   „Знам дека ти можеш сѐ+и дека нема замисла неостварлива за тебе.+   Ти рече: ‚Кој е тој што ја замрачува Божјата намера без знаење?‘+Ете, зборував, но не го разбиравона што е пречудесно за мене, кое не го познавам.+   Ти рече: ‚Те молам, слушај ме, а јас ќе зборувам.Јас ќе те прашувам, а ти поучи ме.‘+   Досега те знаев од слушање,но сега моето око те гледа.   Затоа, повлекувам сѐ што рекови се каам+ во прав и пепел“.  И така Јехова му ги кажа сите тие зборови на Јов. Потоа Јехова му се обрати на Елифаз од Теман:„Мојот гнев се распали против тебе и против твоите двајца пријатели,+ бидејќи не ја зборувавте вистината за мене+ како мојот слуга Јов.  Затоа, земете сега седум јунци и седум овни+ и отидете кај мојот слуга Јов,+ па принесете за себе жртва паленица, а мојот слуга Јов ќе се моли за вас.+ Само него ќе го услишам, па нема да ве посрамам поради вашата голема глупост, поради тоа што не ја зборувавте вистината за мене, како мојот слуга Јов“.+  И така, Елифаз од Теман, Вилдад од Суј и Софар од Наама отидоа и направија како што им рече Јехова, и Јехова го услиши Јов. 10  А кога Јов се помоли за своите пријатели,+ Јехова го избави од неволјата што го беше заробила.+ И Јехова му даде на Јов двојно повеќе од сето она што го имаше порано.+ 11  Кај него дојдоа сите негови браќа, и сите негови сестри, и сите што го познаваа порано,+ и јадеа леб со него+ во неговата куќа, го жалеа и го утешија поради сите неволји кои Јехова допушти да го снајдат. И секој од нив му даде по едно парче сребро* и по еден златен прстен. 12  Јехова ги благослови+ подоцнежните години од животот на Јов повеќе отколку претходните,+ па имаше четиринаесет илјади овци, шест илјади камили, илјада чифта говеда и илјада магарици. 13  А му се родија и седум синови и три ќерки.+ 14  На првата ѝ го даде името Емима, на втората ѝ го даде името Касија, а на третата ѝ го даде името Керен-Апух. 15  По целата земја немаше толку убави жени како што беа ќерките на Јов. И нивниот татко им даде наследство со нивните браќа.+ 16  Потоа Јов поживеа сто четириесет години+ и ги виде своите синови и своите внуци+ — четири поколенија. 17  И умре Јов, стар и му се наживеа на животот.+

Фусноти

Буквално: „му даде по еден кесит“. Кесит е парична единица со непозната вредност.