Изреки 21:1-31
21 Срцето на царот е како вода што тече во раката на Јехова.+ Тој го насочува таму каде што сака.+
2 На човекот секој негов пат му се чини исправен,+ но Јехова ги проценува срцата.+
3 На Јехова му е помило да постапуваш според правдата и да го правиш она што е исправно отколку да му дадеш жртва.+
4 Горделивите очи и надменото срце,+ светилката на злите, тоа е грев.+
5 Замислите* на трудољубивиот сигурно донесуваат корист,+ а секој што избрзува, сигурно оди кон немаштија.+
6 Богатство стекнато со лажлив јазик е здив што исчезнува.+ Оние што на таков начин го стекнуваат, бараат смрт.+
7 Злите ќе ги однесе нивното пљачкање,+ зашто не сакаат да го прават она што е праведно.+
8 Патот на туѓинецот е расипан,+ а чист е човекот што е чесен во своите дела.+
9 Подобро да живееш во аголот од покривот+ отколку во куќа заедно со жена кавгаџика.+
10 Душата на злиот бара зло,+ во неговите очи нема милост кон ближниот.+
11 Кога го казнуваат потсмевачот со глоба, неискусниот станува мудар.+ Кога на мудриот ќе му се помогне да разбере* нешто, тој стекнува знаење.+
12 Куќата на злиот ја набљудува Праведниот+ и злите ги турка во неволја.+
13 Кој си ги затвора ушите кога бедниот се жали и офка,+ и самиот ќе вика, но нема да биде услишен.+
14 Тајниот подарок го смирува гневот,+ и поткупот во пазувите+ — жестоката лутина.
15 За праведникот претставува радост да го прави она што е праведно,+ а ужас ги чека оние што прават зло.+
16 Човекот што ќе скршне од патот на разборитоста*+ ќе почива во друштвото на немоќните мртовци.+
17 Кој ја сака веселбата, упаѓа во немаштија;+ кој ги сака виното и маслото, нема да се збогати.+
18 Злиот човек е откуп за праведникот,+ и измамникот застанува на местото на справедливите.+
19 Подобро е да живееш во пуста земја отколку со жена кавгаџика и во немир.+
20 Скапоценото богатство и маслото се во куќата на мудриот,+ а безумниот човек ги проголтува.+
21 Кој оди по праведност+ и по добрина,* наоѓа живот, праведност и чест.+
22 Мудриот се искачува во градот на силните луѓе за да ја собори силата на која градот се надева.+
23 Кој ги чува устата и јазикот, си ја чува душата од неволји.+
24 Името на оној што прави сѐ во дрзок бес е: дрзок, вообразен фалбаџија.+
25 Мрзливецот го убива неговата желба, зашто неговите раце бегаат од работа.+
26 По цел ден гори од желба, а праведникот дава и ништо не скратува.+
27 Жртвата на злите е одвратна,+ особено кога ја принесува некој што врши срамни дела.+
28 Лажливиот сведок пропаѓа,+ а човекот што слуша, засекогаш ќе зборува.+
29 Злиот човек покажува дрско лице,+ а справедливиот, ги зацврстува своите патишта.+
30 Нема ни мудрост, ни разборитост, ни совет против Јехова.+
31 Коњот го подготвуваат за денот на битката,+ но победата е од Јехова.+
Фусноти
^ Или: „Плановите“.