Лука 12:1-59
12 Во меѓувреме се собра толку многу народ, илјадници луѓе, што се газеа едни со други. Исус најпрво им се обрати на своите ученици: „Чувајте се од фарисејскиот квасец,+ односно од лицемерство.+
2 Нема ништо скриено, кое нема да биде откриено, ниту тајно, кое нема да се дознае.+
3 Според тоа, она што го кажувате во темнина, ќе се чуе на светлина, и она што го шепотите во најскриените соби, ќе се проповеда од покривите.+
4 Пријатели мои,+ ви велам, не плашете се од оние што го убиваат телото, и потоа не можат ништо повеќе да направат.+
5 Ќе ви кажам од кого треба да се плашите: плашете се од оној+ што, откако ќе убие, има власт да фрли во геената.*+ Да, ви велам, од него плашете се!+
6 Зарем не се продаваат пет врапчиња за две парички?* Сепак, ниту едно од нив не е заборавено пред Бог.+
7 А вам и сите влакна на главата+ ви се изброени. Не плашете се, вие сте повредни од многу врапчиња!+
8 Ви велам, секој што ќе го признае+ пред луѓето единството со мене, и Синот човечки ќе го признае пред Божјите ангели единството со него+.
9 Но, ако некој се одрече+ од мене пред луѓето, јас ќе се одречам од него пред Божјите ангели.+
10 На секој што ќе каже збор против Синот човечки ќе му биде простено, но на оној што ќе похули на светиот дух нема да му биде простено.+
11 Кога ќе ве доведат на сослушување и пред поглаварства и власти, не грижете се како или со кои зборови ќе се браните или што ќе речете,+
12 зашто светиот дух+ ќе ве поучи во тој час што треба да речете“.+
13 Тогаш еден човек од мноштвото му рече: „Учителе, речи му на брат ми да го подели наследството со мене!“
14 А тој му рече: „Човеку, кој ме поставил мене да судам+ или да делам меѓу вас?“
15 Потоа им рече: „Бидете претпазливи, чувајте се од секаква лакомост,+ бидејќи, дури и кога некој има во изобилство, неговиот живот не произлегува од она што го поседува“.+
16 Тогаш им раскажа една споредба: „Земјата на еден богат човек роди добро,
17 па размислуваше во себе: ‚Што да направам? Немам каде да ја соберам својата летнина‘.
18 И рече: ‚Вака ќе направам:+ ќе ги урнам своите амбари и ќе изградам поголеми, па таму ќе го соберам сето свое жито и сите свои добра.+
19 И ќе си речам себеси:*+ „Имаш насобрано многу добра за многу години. Почивај, јади, пиј и уживај!“ ‘+
20 Но Бог му рече: ‚Безумнику, ноќеска ќе ти го побараат животот.*+ Тогаш кој ќе го има она што си го собрал?‘+
21 Така бидува со оној што собира богатство за себе, а не е богат пред Бог“.+
22 Тогаш им рече на своите ученици: „Затоа ви велам: немојте да бидете загрижени* за својот живот, што ќе јадете, или за своето тело, што ќе облечете.+
23 Оти животот вреди повеќе од храната и телото од облеката.
24 Набљудувајте како гавраните+ ниту сеат ниту жнеат, немаат складови ниту амбари, а сепак Бог ги храни. А колку поскапоцени од птиците сте вие!+
25 Кој од вас може со својата загриженост барем малку* да си го продолжи животниот век?+
26 Значи, ако не можете да го направите ниту тоа најмалото, зошто тогаш сте загрижени+ за останатото?
27 Набљудувајте ги криновите како растат!+ Ниту се мачат ниту предат, но ви велам, ни Соломон во сета своја слава не беше облечен како еден од нив.+
28 А ако Бог така ги облекува полските растенија, кои денес ги има, а утре ги фрлаат во печка, колку повеќе ќе ве облече вас, маловерни!+
29 Затоа не барајте што ќе јадете и што ќе пиете, и не бидете загрижени!*+
30 Зашто, со сето ова се зафатени незнабошците од овој свет, но вашиот Татко знае дека сето тоа ви е потребно.+
31 Туку барајте го неговото царство, а ова ќе ви се додаде!+
32 Не плаши се,+ мало стадо,+ зашто волјата на вашиот Татко е да ви го даде царството.+
33 Продајте го+ она што го имате и парите дајте ги како милостина.+ Направете си ќесиња за пари кои нема да изветват, неисцрпно богатство на небесата,+ каде што крадец не се приближува и молец не нагризува.
34 Зашто, каде што е вашето богатство, таму ќе биде и вашето срце.+
35 Бедрата нека ви бидат опашани+ и светилките запалени.+
36 И бидете како оние што го чекаат својот господар+ кога се враќа од свадба+ за да му отворат веднаш штом ќе стигне и ќе почука.+
37 Среќни се оние робови кои господарот, кога ќе пристигне, ги наоѓа како бдеат!+ Вистина, ви велам, тој ќе ги подвитка скутовите на својата облека,+ ќе ги смести на трпезата,* па ќе пријде и ќе ги послужува.+
38 И ако стигне на втората стража,* или дури на третата, и ги најде така, среќни се!+
39 Но знајте го ова дека, кога би знаел во кој час ќе дојде крадецот, домаќинот би бдеел и не би дозволил да му провали во куќата.+
40 Така и вие бидете подготвени, бидејќи Синот човечки доаѓа во час кога не се надевате!“+
41 Тогаш Петар праша: „Господару, само нам ли ни ја кажуваш оваа споредба или на сите?“
42 А Господарот одговори: „Кој е, всушност, верниот и разборит+ управител+ кого неговиот господар ќе го постави над своите слуги за да им ја дава храната во право време?+
43 Среќен е тој роб ако неговиот господар, кога ќе дојде, го најде да прави така!+
44 Вистина, ви велам, ќе го постави над целиот свој имот.+
45 Но, ако тој роб си рече во срцето: ‚Мојот господар доцни со доаѓањето‘,+ па почне да ги тепа слугите и слугинките, да јаде, да пие и да се опива,+
46 господарот на тој роб ќе дојде во ден кога не го очекува и во час што не го знае,+ и најстрого ќе го казни и ќе му одреди место меѓу неверните.+
47 Тогаш тој роб што ја разбрал волјата на својот господар, но не се подготвил и не постапил според неговата волја, ќе добие многу удари.+
48 А тој што не разбрал,+ па направил нешто што заслужува удари, ќе ги добие малку.+ Кому многу му е дадено, многу ќе се бара од него.+ Кому многу му е доверено, од него ќе се бара повеќе.+
49 Јас дојдов да запалам оган+ на земјата, и што уште да посакам кога веќе е запален?
50 Треба да се крстам со крштавање и многу ми е мачно додека тоа не се заврши!+
51 Мислите ли дека дојдов за да донесам мир на земјата? Не, ви велам, туку раздор.+
52 Зашто, отсега петмина во една куќа ќе бидат разделени: тројца против двајца и двајца против тројца.+
53 Ќе бидат разделени: татко против син и син против татко, мајка против ќерка и ќерка против мајка, свекрва против снаа и снаа против свекрва“.+
54 Потоа му се обрати на мноштвото: „Кога ќе видите дека над запад се крева облак, веднаш велите: ‚Ќе има бура‘. И така бидува.+
55 А кога ќе видите дека дува јужен ветар, велите: ‚Ќе има горештина‘. И така бидува.
56 Лицемери, знаете да го толкувате изгледот на земјата и на небото. Како тогаш не знаете да го протолкувате ова време?+
57 Зошто самите не процените што е праведно?+
58 На пример, кога со оној што те тужи одиш кај поглаварот, настојувај уште по патот да го решиш спорот со него, за да не те одведе пред судијата, судијата да те предаде на стражарот, а стражарот да те фрли в затвор.+
59 Ти велам, нема да излезеш оттаму додека не ја исплатиш и последната паричка“.*+
Фусноти
^ Види го додатокот 4.
^ Буквално: „за два аса“. Асот бил шеснаесетти дел од еден денариј. Види го додатокот 13.
^ Буквално: „на својата душа“.
^ Буквално: „душата“.
^ Или: „престанете да се грижите“.
^ Буквално: „за еден лакот“.
^ Или: „престанете да се грижите“.
^ Буквално: „и последната лепта“. Види го додатокот 13.