Римјаните 7:1-25

7  Зар не знаете, браќа — бидејќи им зборувам на оние што го познаваат законот — дека Законот е господар на човекот додека човекот е жив?+  Така, омажената жена е врзана со закон за мажот додека тој е жив, а ако нејзиниот маж умре, ослободена е од законот на мажот.+  Значи, додека нејзиниот маж е жив, ќе биде наречена прељубница ако му припадне на друг човек.+ Но, ако нејзиниот маж умре, слободна е од неговиот закон, па не е прељубница ако му припадне на друг човек.+  Така и вие, браќа мои, преку Христовото тело умревте за Законот,+ за да му припаднете на друг,+ на оној што стана од мртвите,+ за да донесуваме плод,+ кој е на слава на Бог.  Зашто, кога живеевме по телото,+ грешните страсти, кои ги побудуваше Законот, дејствуваа во нашите делови на телото за да донесуваме плод кој води во смрт.+  А сега сме ослободени од Законот,+ бидејќи сме мртви+ за она што нѐ спречуваше, за да бидеме робови+ на нов начин, преку духот,+ а не на стариот начин, преку пишаниот закон.+  Тогаш, што да речеме? Дали Законот е грев?+ Никако! Но јас никогаш не би сфатил што е грев+ да не беше Законот. И не би сфатил што е страсна желба+ да не речеше Законот: „Не посакувај!“+  А гревот, откако најде упориште во заповедта,+ предизвика во мене секаква страсна желба, зашто, без закон, гревот беше мртов.+  Всушност, јас бев жив додека немаше закон,+ но кога стигна заповедта,+ гревот оживеа, а јас умрев.+ 10  И увидов дека заповедта, која требаше да води во живот,+ води во смрт.+ 11  Зашто гревот, откако најде упориште во заповедта, ме заведе+ и ме уби преку неа. 12  Сепак, Законот е свет+ и заповедта е света, и праведна,+ и добра.+ 13  Тогаш, дали она што е добро стана смрт за мене? Никако! Но гревот стана, за да се покаже како грев кој, преку она што е добро, ми предизвикува смрт,+ за гревот преку заповедта да стане грешен уште многу повеќе.+ 14  Всушност, знаеме дека Законот е духовен,+ а јас сум телесен, продаден во ропството на гревот.+ 15  Зашто, не разбирам што правам. Всушност, не го правам она што го сакам, туку она што го мразам, тоа го правам. 16  А ако го правам она што не го сакам,+ се согласувам дека Законот е добар.+ 17  Но тогаш тоа не го правам повеќе јас, туку гревот кој живее во мене.+ 18  Зашто, знам дека во мене, односно во моето тело, не живее ништо добро.+ Всушност, способен сум да го сакам она што е добро,+ но не и да го правам она што е добро.+ 19  Зашто, доброто што го сакам, не го правам,+ туку злото што не го сакам, тоа го правам. 20  А ако го правам она што не го сакам, тогаш тоа не го правам повеќе јас, туку гревот кој живее во мене.+ 21  Значи, го наоѓам во себе овој закон: кога сакам да го правам она што е добро,+ злото е во мене.+ 22  Според својот внатрешен човек+ навистина уживам во Божјиот закон,+ 23  но во своите делови на телото+ гледам друг закон, кој војува+ против законот на мојот ум+ и ме заробува со законот на гревот,+ кој е во моите делови на телото. 24  Беден човек сум јас! Кој ќе ме избави од телото, кое ме води во таква смрт?+ 25  Му благодарам на Бог преку Исус Христос, нашиот Господар!+ Според тоа, јас со умот му робувам на Божјиот закон,+ а со телото на законот на гревот.+

Фусноти