1. Јованово 1:1-10

1  Она што беше од почетокот,+ што го чувме,+ што го видовме со свои очи,+ што го набљудувавме+ и што нашите раце го напипаа,+ во поглед на речта на животот+  (да, животот е објавен,+ и видовме, и сведочиме,+ и ви го навестуваме вечниот живот,+ кој потекнува од Таткото и ни е објавен),  она што го видовме и го чувме, ви го јавуваме и вам+ за да бидете и вие во единство со нас.+ А тоа наше единство+ е единство и со Таткото и со неговиот Син Исус Христос.+  Ова го пишуваме за да биде нашата радост потполна.+  А ова е пораката што ја чувме од него и што ви ја објавуваме:+ Бог е светлина+ и во него нема никаква темнина.+  Ако кажеме: „Во единство сме со него“, а и понатаму живееме* во темнината,+ лажеме и не постапуваме според вистината.+  Но, ако живееме* во светлината, како што тој е во светлината,+ тогаш сме во единство еден со друг,+ и крвта+ на Исус, неговиот Син, нѐ исчистува+ од секаков грев.+  Ако кажеме: „Немаме грев“,+ самите себе се залажуваме+ и вистината не е во нас.  Ако ги признаеме своите гревови,+ Бог ќе ни ги прости и ќе нѐ исчисти од секаква неправедност,+ бидејќи е верен и праведен. 10  Ако кажеме: „Не сме згрешиле“, го правиме лажливец, и неговата реч не е во нас.+

Фусноти

Буквално: „одиме“.
Буквално: „одиме“.