1. Коринќаните 10:1-33

10  А не сакам, браќа, да бидете во незнаење за ова: сите наши прататковци беа под облакот,+ и сите поминаа преку морето,+  и сите се крстија во Мојсеј,+ кога поминаа под облакот преку морето,  и сите јадеа иста духовна храна,+  и сите го пиеја истиот духовен пијалак.+ Зашто, пиеја од духовната карпа,+ која ги следеше, а таа карпа+ го претставуваше* Христос.+  Но повеќето од нив не му беа по волја на Бог+ — имено, тие беа убиени во пустината.+  А тоа се случи за да ни послужи за пример да не копнееме по зло,+ како што копнееја тие.  И не бидете идолопоклоници, како некои од нив,+ како што е напишано: „Народот седна да јаде и да пие, па стана да се забавува“.+  И да не вршиме блуд, како што некои од нив извршија блуд,+ па во еден ден паднаа дваесет и три илјади.+  И да не го искушуваме Јехова,+ како што некои од нив го искушуваа,+ па изгинаа од змии.+ 10  И не приговарајте, како што приговараа некои од нив,+ па изгинаа од погубителот.+ 11  А сето тоа им се случуваше за пример и напишано е како предупредување за нас+ што живееме на крајот од овој поредок.*+ 12  Значи, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне!+ 13  Не ве снајде друго искушение освен она што е вообичаено за луѓето.+ Но Бог е верен+ и нема да дозволи да бидете искушани повеќе отколку што можете да поднесете,+ туку ќе направи излез кога ќе дојде искушението+ за да можете да го издржите. 14  Затоа, сакани мои, бегајте+ од идолопоклонство!+ 15  Ви зборувам како на разборити луѓе.+ Самите проценете што зборувам. 16  Зарем чашата+ на благодарност, за која благодариме,* не претставува учество во Христовата крв? Зарем лебот што го кршиме+ не претставува учество во Христовото тело?+ 17  Бидејќи еден е лебот, ние сме едно тело,+ иако сме многу,+ зашто сите го јадеме тој еден леб.+ 18  Погледнете го телесниот Израел.+ Зарем оние што јадат жртви не ги делат тие жртви со жртвеникот?+ 19  Значи, што сакам да кажам? Дека она што му е жртвувано на идолот значи нешто или дека идолот значи нешто?+ 20  Не, туку велам дека она што незнабошците го жртвуваат, им го жртвуваат на демоните,+ а не на Бог. А јас не сакам вие да имате нешто заедничко со демоните.+ 21  Не можете да ја пиете чашата на Јехова+ и чашата на демоните. Не можете да јадете од „трпезата на Јехова“+ и од трпезата на демоните. 22  Или „зарем предизвикуваме љубомора кај Јехова“?+ Зарем сме појаки+ од него? 23  Сѐ е дозволено, но не е сѐ корисно.+ Сѐ е дозволено,+ но сѐ не изградува.+ 24  Никој нека не ја бара својата корист,+ туку користа на другиот.+ 25  Јадете од сето месо што се продава на пазарот+ и ништо не испитувајте поради совеста.+ 26  Зашто, „на Јехова+ му припаѓа земјата и сѐ што е на неа“.+ 27  Ако некој од неверниците ве покани и вие сакате да одите, јадете сѐ што ќе ви принесат,+ и ништо не испитувајте поради совеста.+ 28  Но, ако некој ви рече: „Ова беше жртвувано“, не јадете поради оној што ве предупредил и поради совеста.+ 29  Притоа не мислам на твојата совест, туку на совеста од оној другиот. Оти, зошто мојата слобода да биде судена од туѓа совест?+ 30  Ако јадам и притоа му благодарам на Бог, зошто да се зборува лошо за мене поради она за кое му заблагодарувам на Бог?+ 31  Значи, било да јадете, било да пиете, било да правите што и да е друго, правете сѐ за Божја слава.+ 32  Не бидете им за спрепнување+ ниту на Евреите, ниту на Грците, ниту на Божјето собрание, 33  како што и јас им угодувам на сите во сѐ,+ не барајќи ја својата корист,+ туку користа на мнозина, за да бидат спасени.+

Фусноти

Или: „таа карпа беше Христос“. Види ја фуснотата за Мт 26:26.
Буквално: „за нас, врз кои дојде крајот на вековите“. Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Буквално: „чашата на благословот која ја благословуваме“.