2. Летописи 33:1-25
33 Манасија+ имаше дванаесет години кога почна да владее, и владееше педесет и пет години во Ерусалим.+
2 Го правеше она што е зло во Јеховини очи,+ според одвратните обичаи+ на народите кои Јехова ги истера од пред синовите на Израел.+
3 Повторно ги направи обредните височинки+ што ги разурна Езекија,+ неговиот татко, им подигна жртвеници+ на Вааловците,+ направи обредни диреци*+ и почна да ѝ се клања+ на сета небесна војска+ и да ѝ служи.+
4 Направи жртвеници+ во Јеховиниот дом, за кој Јехова рече: „Во Ерусалим ќе престојува моето име довека“.+
5 Ѝ направи жртвеници и на сета небесна војска+ во двата двора+ на Јеховиниот дом.+
6 Своите синови ги поминуваше низ оган+ во долината на Еномовиот син,+ се занимаваше со магија,+ вражаше+ и гаташе,+ а и постави луѓе за да повикуваат духови+ и да прорекуваат настани.+ Многу зла правеше пред Јехова и го навредуваше.+
7 Направи и режан лик,+ па го постави во домот на вистинскиот Бог,+ за кој Бог им рече на Давид и на Соломон, неговиот син: „Во овој дом и во Ерусалим, кој го избрав+ меѓу сите племиња на Израел, ќе престојува моето име+ довека.+
8 И нема да дозволам ногата на синовите на Израел да се тргне од земјата што им ја одредив+ на нивните прататковци,+ само ако се трудат да држат сѐ што им заповедав,+ целиот закон,+ уредбите+ и заповедите+ што ги дадов преку Мојсеј“.+
9 И Манасија+ ги наведуваше Јуда+ и жителите на Ерусалим да прават уште полоши работи+ отколку народите кои Јехова ги истреби од пред синовите на Израел.+
10 Јехова ги опоменуваше Манасија и неговиот народ, но тие не обрнуваа внимание.+
11 На крајот Јехова ги доведе против нив+ воените заповедници на асирскиот цар+ и тие го фатија Манасија во пештера,+ го оковаа+ во двојни бакарни окови и го одведоа во Вавилон.
12 А кога се најде во неволја,+ се трудеше да го смилостиви* лицето на Јехова, својот Бог,+ и многу се понизи+ пред Богот на своите прататковци.
13 Му се молеше, и тој ја чу неговата молитва+ и ја услиши неговата молба со која молеше за милост, па го врати во Ерусалим и му ја врати царската власт.+ И Манасија созна дека Јехова е вистинскиот Бог.+
14 Потоа, покрај Давидовиот град+ изгради надворешен ѕид,+ кој се протегаше западно од Гион+ во долината до Рибната Порта+ и покрај Офел.+ Ѕидот што го изгради беше многу висок. И постави воени заповедници во сите утврдени градови во Јуда.+
15 Ги отстрани туѓите богови+ и идолскиот лик+ од Јеховиниот дом, како и сите жртвеници+ што ги изгради на гората на Јеховиниот дом и во Ерусалим, и ги фрли надвор од градот.
16 Потоа го постави Јеховиниот жртвеник+ и почна да принесува на него жртви на заедништвото+ и жртви на благодарност,+ а на Јуда му заповеда да му служи на Јехова, Богот на Израел.+
17 Сепак, народот сѐ уште принесуваше жртви на обредните височинки,+ но му ги принесуваа на Јехова, својот Бог.
18 Останатата историја на Манасија, неговата молитва+ кон Бог и зборовите што му ги кажуваа јасновидците+ во името на Јехова, Богот на Израел, се запишани во историјата на израелските цареви.+
19 Како се молеше+ и како беше услишен,+ сите негови гревови+ и неговата неверност,+ и местата на кои, пред да се понизи,+ направи обредни височинки+ и постави обредни диреци+ и режани ликови,+ сето тоа е запишано во записите на неговите јасновидци.
20 На крајот Манасија почина кај своите прататковци+ и го погребаа+ кај неговиот дворец, а на негово место почна да владее неговиот син Амон.+
21 Амон+ имаше дваесет и две години кога почна да владее и владееше две години во Ерусалим.+
22 Го правеше она што е зло во Јеховини очи,+ како што го правеше тоа и Манасија, неговиот татко.+ На сите режани ликови+ што ги направи Манасија,+ неговиот татко, Амон им принесуваше жртви+ и им служеше.+
23 И не се понизи+ пред Јехова, како што се понизи неговиот татко Манасија,+ туку уште ја зголеми својата вина.+
24 На крајот неговите слуги сковаа заговор+ против него и го убија во неговиот дворец.+
25 А народот* ги уби+ сите што беа сковале заговор+ против цар Амон.+ Потоа народот+ наместо него го постави за цар Јосија,+ неговиот син.
Фусноти
^ Или: „ашери“.
^ Буквално: „омекне“.
^ Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).