2. Мојсеева 10:1-29

10  А Јехова му рече на Мојсеј: „Оди кај фараонот зашто јас дозволив неговото срце и срцата на неговите слуги да закорават,+ па да ги направам овие чуда пред него,+  за да можеш да им раскажуваш на својот син и на синот на својот син како ги удрив Египќаните и какви чуда направив меѓу нив!+ И ќе знаете дека јас сум Јехова“.+  Така Мојсеј и Арон отидоа кај фараонот и му рекоа: „Вака вели Јехова, Богот на Евреите: ‚До кога ќе одбиваш да ми се потчиниш?+ Пушти го мојот народ да си оди и да ми служи!  Зашто, ако не го пуштиш мојот народ, утре ќе доведам скакулци во твојата земја.+  И ќе ја прекријат површината на земјата, така што земјата нема да се гледа. Ќе го изедат она што преостана, она што градот не ви го уништи. И ќе ви ги соголат сите стебла што растат во полето.+  Твоите куќи, куќите на сите твои слуги и куќите на сите Египќани ќе се наполнат со нив. Такво нешто не доживеале ни твоите татковци, ни татковците на твоите татковци откако постојат на земјата до денес‘ “.+ Потоа се сврте и замина откај фараонот.+  Потоа слугите му рекоа на фараонот: „До кога овој човек ќе ни биде стапица?+ Пушти ги тие луѓе да заминат и да му служат на Јехова, својот Бог! Зар уште не гледаш дека пропадна Египет?“+  Така ги доведоа Мојсеј и Арон назад кај фараонот и тој им рече: „Одете! Служете му на Јехова, својот Бог!+ А кои се тие што ќе одат?“  Тогаш Мојсеј рече: „Ќе одиме со своите деца и со старците, со синовите и ќерките,+ со својата ситна и крупна стока,+ зашто мора да одржиме свеченост во чест на Јехова“.+ 10  А тој му возврати: „Ако некогаш ве пуштам вас и вашите деца, тогаш Јехова е навистина со вас!+ Очигледно имате намера да направите нешто лошо!+ 11  Нема ништо од тоа! Одете вие, машките, па служете му на Јехова, зашто тоа го баравте!“ Тогаш ги избркаа откај фараонот.+ 12  А Јехова му рече на Мојсеј: „Испружи+ ја раката над египетската земја за да дојдат скакулци во египетската земја и да ги изедат сите растенија, сѐ што остана во земјата по градот!“+ 13  И Мојсеј го испружи стапот над египетската земја и Јехова подигна источен ветар+ да дува на земјата цел ден и цела ноќ. А кога се раздени, ветрот донесе скакулци. 14  И скакулците дојдоа во целата египетска земја и се спуштија во големи роеви+ во сите краишта на Египет.+ Никогаш порано немало толку скакулци ниту, пак, некогаш ќе има. 15  И ја покрија површината на целата земја,+ така што таа поцрне од нив.+ Ги изедоа сите растенија во земјата и сите плодови на стеблата што беа останале по градот.+ Ништо зелено не остана ниту на стеблата ниту на полските растенија во целата египетска земја.+ 16  Тогаш фараонот брзо ги викна Мојсеј и Арон и им рече: „Му згрешив на Јехова, вашиот Бог, и вам.+ 17  Ве молам, простете+ ми го мојот грев уште само овој пат и молете+ го Јехова, вашиот Бог, да ја отстрани од мене уште само оваа смртоносна чума!“ 18  Кога замина откај фараонот, Мојсеј му се помоли на Јехова.+ 19  Тогаш Јехова го промени ветрот во многу силен западен ветар, кој ги однесе скакулците и ги фрли во Црвеното Море. Не остана ниту еден скакулец на целото подрачје на Египет. 20  Но Јехова дозволи да му закорави срцето на фараонот,+ и тој не ги пушти синовите на Израел. 21  Потоа Јехова му рече на Мојсеј: „Испружи ја раката кон небото,+ и темнина ќе се спушти на египетската земја, темнина што ќе може да се опипа!“ 22  Мојсеј веднаш ја испружи раката кон небото, и по целата египетска земја се спушти густа темнина, која траеше три дена.+ 23  Луѓето не се гледаа еден со друг и никој не се помрдна од своето место три дена. А секаде каде што живееја синовите на Израел имаше светлина.+ 24  Потоа фараонот го викна Мојсеј и му рече: „Одете, служете му на Јехова!+ Само вашата ситна и крупна стока ќе остане овде. Нека појдат и вашите деца со вас!“+ 25  Но Мојсеј му одговори: „Дозволи ни да земеме и стока за жртви паленици и за други жртви што ќе му ги принесеме на Јехова, својот Бог.+ 26  Затоа нашата стока мора да оди со нас.+ Ниту едно копито нема да остане, зашто од неа ќе го земеме она што ни треба за службата* на Јехова, својот Бог,+ а и самите не знаеме што ќе принесеме како жртва во чест* на Јехова додека не стигнеме таму“.+ 27  Тогаш Јехова дозволи да му закорави срцето на фараонот, и тој не сакаше да ги пушти.+ 28  И фараонот му рече: „Оди си откај мене!+ Гледај да не ми излезеш повеќе пред очи, зашто во тој ден кога ќе ми излезеш пред очи, ќе умреш!“+ 29  А Мојсеј одврати: „Како што рече, така ќе биде. Повеќе нема да ти излегувам пред очи“.+

Фусноти

Или: „да покажеме почит; да извршиме чин на обожавање“.
Или: „со што ќе покажеме почит (ќе извршиме чин на обожавање)“.