2. Мојсеева 15:1-27

15  Тогаш Мојсеј и синовите на Израел му ја запеаја оваа песна на Јехова и вака рекоа:+„На Јехова ќе му запеам, зашто многу се прослави.+Коњот со коњаникот ги фрли в море.+   Јах* е мојата сила и мојата моќ,+ зашто тој е мојот спас.+Тој е мој Бог, него ќе го фалам,+ Бог на мојот татко,+ него ќе го возвишувам.+   Јехова е храбар воин,+ Јехова е неговото име.+   В море ги фрли бојните коли и војската на фараонот.+Во Црвеното Море потонаа неговите избрани воини.+   Разбранувани води ги покрија,+ во длабочините како камен потонаа.+   Твојата десница, о Јехова, има голема моќ,+твојата десница, о Јехова, може да го сотре непријателот.+   Со своето силно величество ги соборуваш оние што се креваат против тебе,+го пушташ својот распламтен гнев да ги проголта како стрниште.+   Со здивот од носниците+ твои се собраа водите,како ѕид стоеја брановите,во срцето на морето се стврднаа водите разбранувани.   Непријателот рече: ‚Ќе ги гонам!+ Ќе ги стигнам!+Плен ќе делам!+ Мојата душа ќе се насити со него!Ќе го извлечам мечот! Мојата рака ќе ги гони!‘+ 10  Ти дувна со својот здив,+ морето ги покри,+потонаа како олово во силните води.+ 11  Кој меѓу боговите е како тебе, о Јехова?+Кој е како тебе, кого го краси голема светост?+Со песни на фалба+ треба да покажуваме страв од тебе,+ ти правиш чудесни дела.+ 12  Ја подигна десницата+ и земјата ги проголта.+ 13  Со својата милост* го водеше народот што го беше избавил,+со својата сила ќе го водиш до твоето свето живеалиште.+ 14  Народите ќе чујат+ и ќе се вознемират,+тешки болки*+ ќе ги нападнат жителите на Филистеја. 15  Кнезовите* на Едом тогаш ќе ги фати ужас,силниците на Моав ќе ги обземе трепет,+сите жители на Ханаан ќе се исплашат.+ 16  Страв и трепет ќе ги опфатат.+Од твојата силна рака ќе се скаменатдодека не помине твојот народ,+ о Јехова,додека не помине+ народот што го создаде ти.+ 17  Ќе го доведеш и ќе го посадиш на гората на твоето наследство,+на местото што го подготви за свое живеалиште,+ о Јехова,во светилиштето,+ Јехова, што го подигнаа твоите раце. 18  Јехова ќе царува довека, во сета вечност.+ 19  Кога коњите на фараонот+ со неговите бојни коли и неговите коњаници влегоа во морето,+Јехова ги врати врз нив морските води,+а синовите на Израел поминаа по суво среде морето“.+ 20  Тогаш пророчицата Маријам, сестрата на Арон,+ зеде дајре во раката,+ а сите жени ѝ се придружија со дајриња и играа.+ 21  Маријам им одговараше на мажите со песна:+ „Пејте му на Јехова+ зашто многу се прослави.+Коњот со коњаникот в море ги фрли“.+ 22  Потоа Мојсеј ги поведе Израелците од Црвеното Море, и тргнаа кон пустината Сур.+ Три дена патуваа низ пустината, но не најдоа вода.+ 23  Потоа дојдоа во Мара,+ но не можеа да ја пијат водата во Мара зашто беше горчлива. Затоа и се вика тоа место Мара.*+ 24  И народот почна да мрмори против Мојсеј:+ „Што ќе пиеме?“ 25  А тој го повика Јехова за помош.+ Јехова му покажа едно дрво. Тој го фрли во водата, и водата стана слатка.+ Тука Бог им даде поука и закон и тука ги искуша.+ 26  И им рече: „Ако го слушате внимателно гласот на Јехова, својот Бог, и ако го правите тоа што е право во негови очи, ако ги слушате неговите заповеди и ако ги држите сите негови уредби,+ нема да пуштам на вас ниту една од болестите што им ги пуштив на Египќаните.+ Зашто, јас сум Јехова кој ве лекува“.+ 27  Потоа дојдоа во Елим каде што имаше дванаесет извори на вода и седумдесет палми.+ И се улогорија таму покрај водата.

Фусноти

Ова е првото место каде што се појавува името Јах. Тоа е скратен облик на името Јехова, прв дел од тетраграмот ЈХВХ. Види го додатокот 1.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „родилни болки“.
Или: „Шеиците“.
„Мара“ значи „горчило“.