2. Мојсеева 28:1-43

28  Доведи го кај себе меѓу синовите на Израел својот брат Арон со неговите синови за да ми служи како свештеник+ Арон+ со своите синови: Надав и Авиуд,+ Елеазар и Итамар.+  Направи му на својот брат Арон света одежда за чест и за украс.+  И кажи им на сите вешти луѓе што ги надарив со вештина*+ да му направат на Арон одежда за да се посвети и да ми служи како свештеник.+  А ова е одеждата што ќе ја направиш: наградник,+ ефод,+ туника без ракави,+ долга кошула со коцкеста мостра, турбан+ и појас.+ Нека направат свети одежди за твојот брат Арон и за неговите синови, за тој да ми служи како свештеник.  Нека земат злато, потоа сина преѓа, црвеникаво-виолетова волна, светлоцрвен материјал и фин лен.  И нека направат ефод од злато, сина преѓа, црвеникаво-виолетова волна, светлоцрвен материјал и фино испреден лен, вешто извезен.+  Неговите две прерамки нека бидат споени на двата негови краја. Така нека биде составен.+  Појасот+ на него, со кој се опашува, нека биде изработен како и тој: од злато, сина преѓа, црвеникаво-виолетова волна, светлоцрвен материјал и фино испреден лен.  Земи два камена оникс+ и врежи+ ги во нив имињата на синовите на Израел,+ 10  шест нивни имиња на едниот камен, а имињата на останатите шест на другиот камен, по редот по кој се родени.+ 11  Како што каменорезецот врежува печат, така ти врежи ги на тие два камена имињата на синовите на Израел.+ Опкови ги во рамки од злато.+ 12  Прицврсти ги тие два камена на прерамките од ефодот за да бидат спомен-камења за Израеловите синови.+ Арон нека ги носи нивните имиња пред Јехова на своите две прерамки како спомен. 13  Направи златни рамки 14  и две синџирчиња од чисто злато.+ Направи ги како врвци, испреплетени како јаже. Потоа, тие плетени синџирчиња прицврсти ги за рамките.+ 15  Направи го судскиот наградник+ да биде вешто извезен. Изработи го како и ефодот. Изработи го од злато, сина преѓа, црвеникаво-виолетова волна, светлоцрвен материјал и фино испреден лен.+ 16  Нека биде четириаголен кога ќе се преклопи, една педа* долг и една педа широк.+ 17  Во него вгради ги камењата, така што ќе бидат четири реда камења.+ Во првиот ред нека има: рубин,+ топаз+ и смарагд.+ 18  Во вториот ред: тиркиз,+ сафир+ и јаспис.+ 19  Во третиот ред: лешем,* ахат+ и аметист.+ 20  А во четвртиот ред: хризолит,+ оникс +и нефрит. Нека бидат вградени во златните рамки.+ 21  Нека има толку камења колку што има имиња на синовите на Израел, нека бидат дванаесет, колку што се нивните имиња.+ На секој од нив, како на печат, нека биде врежано името на едно од дванаесетте племиња.+ 22  На наградникот направи плетени синџирчиња од чисто злато, плетени како јаже.+ 23  Потоа направи на наградникот два прстена од злато+ и прицврсти ги за двата краја на наградникот. 24  Провлечи ги двете плетени врвки од злато низ тие два прстена на краевите од наградникот.+ 25  Двата краја од двете врвки провлечи ги низ двете рамки и прицврсти ги за прерамките на ефодот однапред.+ 26  Направи два прстена од злато и прицврсти ги за двата краја од наградникот, на внатрешниот раб што е свртен кон ефодот.+ 27  Направи уште два прстена од злато и прицврсти ги за долниот крај од двете прерамки од надворешната страна на ефодот, близу до местото каде што е составен ефодот, над неговиот појас.+ 28  Наградникот, преку неговите прстени, нека биде врзан со сина врвца за прстените на ефодот, така што наградникот ќе стои над појасот на ефодот и нема да се одделува од ефодот.+ 29  Арон нека ги носи имињата на синовите на Израел на судскиот наградник на своето срце кога влегува во Светињата, како траен спомен пред Јехова. 30  Во судскиот наградник стави ги Урим+ и Тумим* да бидат на Ароновото срце кога ќе доаѓа пред Јехова. Така Арон секогаш нека ги носи на своето срце пресудите+ за синовите на Израел пред Јехова. 31  Туниката без ракави, која ќе се носи под ефодот, направи ја целата од сина преѓа.+ 32  На средината нека има отвор за главата. Отворот нека има наоколу исткаен раб. Нека биде како околувратник на оклоп, за да не се цепи.+ 33  На поработ направи ѝ калинки од сина преѓа, од црвеникаво-виолетова волна и од светлоцрвен материјал, наоколу на поработ, а меѓу нив златни ѕвончиња+ наоколу, 34  златно ѕвонче па калинка, златно ѕвонче па калинка, околу поработ на туниката.+ 35  Арон нека ја носи за да ја врши својата служба во неа, да се слуша кога влегува во светилиштето пред Јехова и кога излегува, за да не загине.+ 36  Направи и една сјајна плочка од чисто злато и на неа, како на печат, врежи: ‚Јехова е свет‘.+ 37  Врзи ја со сина врвца да стои на турбанот.+ Нека стои на предната страна на турбанот. 38  Нека биде на Ароновото чело, а Арон нека одговара за престапите направени против светите работи,+ односно против сите нивни свети дарови, кои синовите на Израел ќе ги посветуваат. Секогаш нека му биде на челото за да ја стекнува Јеховината милост за нив.+ 39  Од фин лен исткај долга кошула со коцкеста мостра, направи турбан од фин лен+ и појас,+ целиот исткаен. 40  За синовите на Арон направи долги кошули,+ направи им и појаси и капи,+ ним на чест и за украс.+ 41  Во нив облечи ги својот брат Арон и неговите синови со него. Помажи ги,+ па овласти ги*+ и посвети ги за да ми служат како свештеници. 42  Направи им гаќи од лен за да им го покриваат голото тело.+ Нека бидат од колковите до бедрата. 43  Нека ги носат Арон и неговите синови кога влегуваат во шаторот на средбата или кога му приоѓаат на жртвеникот за да служат на светото место, за да не си навлечат вина и да загинат. Тоа е трајна одредба за него и за неговото потомство по него.+

Фусноти

Буквално: „ги исполнив со дух на мудрост“.
Една педа е 22,2 сантиметри. Види го додатокот 13.
Не е познато на кој вид скапоцен камен се однесува хебрејскиот израз лешем.
Урим и Тумим биле предмети што се користеле за да се дознае што мисли Бог за некоја работа. Можеби станувало збор за камења кои се извлекувале како ждрепка.
Буквално: „наполни им ги рацете“. Овој хебрејски идиом значи дека на човекот кој бил поставен во службата му биле предадени в раце сите овластувања што биле потребни за да ја врши свештеничката служба.