2. Самоилова 23:1-39
23 Ова се последните зборови на Давид:+„Зборови на Давид, синот на Јесеј,+зборови на човек што беше високо издигнат,+помазаник+ на Богот на Јаков,омилен во Израел и опеан во песните.+
2 Јеховиниот дух зборуваше преку мене,+Божјата реч беше на мојот јазик.+
3 Богот на Израел ми рече,Карпата на Израел ми рече:+‚Кога со луѓето владее праведник,+кој владее со Божји страв,+
4 неговото владеење е како утринската светлина кога ќе светне сонцето,+како утро без облаци.Од светлина и од дожд никнува трева од земјата‘.+
5 Не е ли таков мојот дом пред Бог?+Зашто, тој склучи вечен сојуз+ со мене,добро уреден и утврден во сѐ.+Тој сојуз е сето мое спасение+ и сета моја радост.Нема ли Бог да го направи успешен поради тоа?+
6 А сите никаквеци+ се како искорнати+ трње,+кои никој не ги фаќа со рака.
7 Кој сака да ги допре,треба да земе железен алат и копје.Тие ќе бидат изгорени во оган“.+
8 Ова се имињата на Давидовите јунаци:+ Тахмонецот Јосев-Васевет,+ главен меѓу тројцата. Тој еднаш со своето копје уби осумстотини луѓе.
9 Потоа, Елеазар,+ синот на Додо,+ син на Ахохи, кој беше еден од тројцата јунаци на Давид кога ги посрамотија Филистејците. Филистејците таму се беа собрале за битка, а Израелците се повлекоа.+
10 Но тој се крена и удираше на Филистејците сѐ додека раката не му се умори и остана како залепена за мечот.+ Така Јехова даде голема победа во тој ден.+ А луѓето се вратија следејќи го Елеазар само за да ги ограбат убиените.+
11 Потоа тука беше Сама, синот на Аге Арарецот.+ Еднаш Филистејците се собраа во Лехи, каде што тогаш имаше нива полна со леќа.+ И додека војската бегаше пред Филистејците,
12 тој застана среде нивата, ја одбрани и ги погуби Филистејците. Така Јехова им даде голема победа.+
13 Еднаш тие тројца од триесетте заповедници+ појдоа во времето на жетвата и дојдоа кај Давид во адоламската+ пештера. А Филистејците се улогорија под шатори во рефаимската долина.+
14 Давид тогаш беше во своето скривалиште,+ а во тоа време во Витлеем имаше филистејска стража.+
15 И Давид посака: „Камо да можев да се напијам вода од витлеемскиот бунар* што е кај градската порта!“+
16 Тогаш тие тројца јунаци продреа во филистејскиот логор, нацрпија вода од витлеемскиот бунар што е кај градската порта, па му ја донесоа и му ја дадоа на Давид.+ Но тој не сакаше да пие, туку ја истури+ пред Јехова.
17 И рече: „Никогаш не би направил такво нешто,+ Јехова! Зар да ја пијам крвта+ на овие луѓе што ја изложија на опасност својата душа?“ И не сакаше да пие.
Тоа го направија тие тројца јунаци.
18 А Ависај,+ братот на Јоав, син на Серуја,+ беше заповедник на триесеттемина. Тој, замавнувајќи со своето копје, уби триста луѓе. Беше човек прочуен како и оние тројца.+
19 Иако беше најистакнат меѓу триесеттемина и им беше заповедник, не ги достигна првите тројца.+
20 Венај,+ синот на Јодај,+ син на храбар човек, кој направи големи дела во Кавсеил,+ ги уби двата сина на Ариел Моавецот. Еден снежен ден,+ слезе во јама за вода и уби лав.+
21 Уби и еден Египќанец со необично крупна става.+ Иако Египќанецот имаше копје во раката, тој излезе против него со стап, му го истргна копјето од раката и потоа го уби со неговото сопствено копје.+
22 Тоа го направи Венај,+ синот на Јодај. Тој беше човек прочуен како и оние тројца јунаци.+
23 Иако беше поистакнат од триесеттемина, не ги достигна оние тројца. Но Давид го постави за заповедник на телесната стража.+
24 Асаил,+ братот на Јоав, беше меѓу триесеттемина. Потоа Елханан,+ синот на Додо од Витлеем,
25 Сама+ од Харод, Елика од Харод,
26 Хелис+ од Фалет, Ира,+ синот на Икис+ од Текоја,
27 Авиезер+ од Анатот,+ Мевунај од Хус,+
28 Салмон, потомок на Ахохи,+ Махарај+ од Нетофа,
29 Хелев,+ синот на Вана од Нетофа, Етај,+ синот на Ривај од Гаваја на Венијаминовите синови,
30 Венај+ од Фаратон, Идај од долините околу Гаш,+
31 Ави-Алвон од Вет-Арава, Азмавет+ од Бархум,
32 Елијава од Салвим, синовите на Јашен, Јонатан,+
33 Сама од Арар, Ахијам,+ синот на Сарар од Арар,
34 Елифелет, синот на Асвеј, син на еден Макатец, Елиам, синот на Ахитофел+ од Гилон,
35 Есро+ од Кармил, Фареј од Араб,
36 Игал, синот на Натан+ од Сова, Вани од Гад,
37 Селек+ Амонецот, Нахарај од Веерот, кој му беше штитоносец на Јоав, синот на Серуја,
38 Ира Етерецот,+ Гарив+ Јетеровецот,
39 Урија+ Хетеецот — вкупно триесет и седум луѓе.
Фусноти
^ Или: „резервоар“.