Префрли се на текстот

Префрли се на содржината


Како да извлечеш најголема корист од оваа публикација

Како да извлечеш најголема корист од оваа публикација

Проучувај со некој Јеховин сведок: Побарај библиски курс од лицето што ти ја дало оваа брошура или пополни го барањето за библиски курс кое се наоѓа на нашата интернет-страница jw.org.

ПРВ ДЕЛ

Прочитај го секој пасус заедно со прашањата во боја (А) и библиските стихови со масни букви (Б) кои ги истакнуваат главните мисли. Стиховите кои се означени со „прочитај“ треба да се прочитаат за време на библискиот курс.

СРЕДЕН ДЕЛ

Воведните зборови од ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ (В) објаснуваат што ќе биде разгледано во тој дел. Поднасловите (Г) ги истакнуваат главните мисли. Прочитај ги библиските стихови, одговори на прашањата и гледај ги видеоклиповите (Д).

Обрни внимание на сликите и на текстот под нив (Ѓ), а потоа размисли како би одговорил на прашањето во рамката НЕКОИ ВЕЛАТ (Е).

ПОСЛЕДЕН ДЕЛ

Лекцијата завршува со ШТО НАУЧИ и со КАКО БИ ОДГОВОРИЛ (Ж). Запиши го датумот кога ќе ја завршиш лекцијата. Во рамката ЦЕЛ (З) се наведени некои цели на кои можеш да работиш. Рамката ИСТРАЖУВАЈ (Ѕ) содржи дополнителни информации кои можеш да ги читаш или да ги гледаш.

Како да ги најдеш библиските стихови

Библиските стихови се означени со библиска книга (А)‚ поглавје (Б) и стих или стихови (В). На пример, Јован 17:3 укажува на книгата Јован, поглавје 17, стих 3.