Повторување: Дел 3
Разговарајте за следниве прашања:
Прочитај Изреки 27:11.
Зошто сакаш да му бидеш верен на Јехова?
(Види во лекција 34.)
Како можеш да носиш добри одлуки кога за нешто нема конкретна заповед во Библијата?
(Види во лекција 35.)
Како можеш да бидеш чесен во сѐ?
(Види во лекција 36.)
Прочитај Матеј 6:33.
Како можеш да го бараш „најнапред царството“ кога станува збор за работата и парите?
(Види во лекција 37.)
Кои се некои начини на кои можеш да покажеш дека го цениш животот како што го цени Јехова?
(Види во лекција 38.)
Прочитај Дела 15:29.
Како можеш да покажеш дека си послушен на Јеховината заповед за крвта?
Дали сметаш дека е разумно она што Јехова го очекува од нас?
(Види во лекција 39.)
Прочитај 2. Коринќаните 7:1.
Што значи да се биде чист во физички и во морален поглед?
(Види во лекција 40.)
Прочитај 1. Коринќаните 6:9, 10.
Што вели Библијата за сексот? Дали се согласуваш со тие мерила?
Какви начела има во Библијата во врска со пиењето алкохол?
Прочитај Матеј 19:4-6, 9.
Кое е Божјето мерило за бракот?
Зошто оние кои стапуваат во брак и оние кои се разведуваат треба да го направат тоа во склад со законот?
(Види во лекција 42.)
Кои се некои празници и прослави што не му се допаѓаат на Јехова, и зошто тој не ги одобрува?
(Види во лекција 44.)
Прочитај Јован 17:16 и Дела 5:29.
Како можеш да бидеш неутрален?
Ако државните власти бараат да направиш нешто што е спротивно на Божјите закони, како би постапил?
(Види во лекција 45.)
Прочитај Марко 12:30.
Како можеш да покажеш дека го сакаш Јехова?