Ќе им дојде ли крај на страдањата?
Што би рекол ти...
-
да?
-
не?
-
можеби?
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА
„Бог... ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка“ (Откровение 21:3, 4, Свето писмо — превод Нов свет).
ШТО ЌЕ ЗНАЧИ ОВА ЗА ТЕБЕ
Ќе сфатиш дека Бог не ги предизвикува нашите проблеми (Јаков 1:13).
Ќе бидеш поспокоен зашто знаеш дека на Бог му е жал кога страдаме (Захарија 2:8).
Ќе имаш надеж дека ќе им дојде крај на сите страдања (Псалм 37:9-11).
МОЖЕМЕ ЛИ ДА Ѝ ВЕРУВАМЕ НА БИБЛИЈАТА?
Да, од најмалку две причини:
-
Бог ги мрази страдањата и неправдите. Како му било на Јехова Бог кога неговите слуги во минатото биле малтретирани? Библијата вели дека му било тешко поради ‚оние што ги угнетувале‘ (Судиите 2:18).
Бог не ги сака оние што ги повредуваат другите. На пример, Библијата вели дека му се одвратни „раце што пролеваат невина крв“ (Изреки 6:16, 17).
-
Бог се грижи за секој од нас поединечно. Не само што секој човек ја знае „својата неволја и својата болка“ туку и Јехова ја знае! (2. Летописи 6:29, 30).
Преку своето Царство, Јехова наскоро ќе им стави крај на страдањата на секој човек (Матеј 6:9, 10). Дотогаш, тој со љубов ќе ги теши оние што искрено го бараат (Дела 17:27; 2. Коринќаните 1:3, 4).
РАЗМИСЛИ
Зошто Бог дозволува да има страдања?
Одговорот можеш да го најдеш во Библијата во РИМЈАНИТЕ 5:12 и во 2. ПЕТРОВО 3:9.