Заклучок
‚Угледајте се на оние што поради својата вера и стрпливост го наследуваат она што е ветено‘ (ЕВРЕИТЕ 6:12)
1, 2. Зошто е неопходно да си ја зајакнуваме верата? Наведи пример.
ВЕРА. Колку убава особина! Сепак, кога ќе го прочитаме или чуеме овој збор, треба да помислиме на уште еден: „Итно!“ Ако немаме вера, итно треба да ја стекнеме. А ако имаме вера, итно треба да направиме нешто за да ја зачуваме и зајакнеме. Зошто?
2 Замисли си дека минуваш преку една огромна пустина. Очајно ти треба вода. Кога ќе ја најдеш, мора да ја заштитиш од сонцето за да не испари. Потоа, треба да ја дополнуваш за да имаш доволно до крајот на патувањето. Денес живееме во духовна пустина, во свет во кој вистинската вера, исто како водата во пустина, е реткост и брзо ќе испари ако не се заштити и дополни. Верата ни е неопходна. Исто како што не можеме да живееме без вода, нашиот однос со Јехова не може да опстане без вера (Рим. 1:17).
3. Како Јехова ни помага да ја одржуваме нашата вера, и кои две работи мора да ги правиме?
3 Јехова знае колку многу ни треба вера и знае колку е тешко во денешно време таа да се стекне и да се одржи. Токму затоа ни дал примери на кои можеме да се угледаме. Тој го водел апостол Павле да напише дека треба ‚да се угледаме на оние што поради својата вера и стрпливост го наследуваат она што е ветено‘ (Евр. 6:12). И Јеховината организација нѐ поттикнува да се угледаме на верните мажи и жени за кои читавме во оваа книга. За да го постигнеме ова, што мора да правиме? Две работи: 1) постојано да си ја зајакнуваме верата, и 2) никогаш да не ја изгубиме од вид нашата надеж.
4. Што покажува дека Сатана сака да ни ја уништи верата, и зошто не треба да се плашиме?
4 Постојано да си ја зајакнуваме верата. Верата има еден голем непријател — Сатана. Бидејќи овој свет е во негова власт, тој го претворил во еден вид пустина во која е тешко да се зачува верата. Сатана е многу посилен од нас. Но, дали тоа значи дека не е можно да стекнеме вера и да ја зачуваме? Секако дека не! Сите што се трудат да задржат цврста вера го имаат Јехова на своја страна. Тој нѐ уверува дека со негова помош можеме да му се спротивставиме на Ѓаволот, па дури и да го натераме да побегне од нас! (Јак. 4:7). Но, за да успееме во тоа, мораме секој ден да одвојуваме време да си ја јакнеме верата. Како да го направиме тоа?
5. Како верните мажи и жени од Библијата ја стекнале својата вера? Објасни.
Гал. 5:22, 23). Тие се молеле за помош и Јехова им ја зајакнувал верата. Затоа, и ние не треба никогаш да заборавиме дека Јехова великодушно им го дава својот дух на оние што го молат и постапуваат во склад со своите молитви (Лука 11:13). Но, што друго можеме да правиме?
5 Видовме дека верните луѓе за кои пишува во Библијата не се родиле со вера. Нивниот живот покажува дека верата што ја имале била плод на Јеховиниот свет дух (6. Како ќе извлечеме најголема корист од проучувањето на библиските извештаи?
6 Во оваа книга стана збор само за неколку личности кои ни оставиле убав пример на вера. Но, има уште многу други! (Прочитај Евреите 11:32.) Секој од нив на свој начин ни помага да си ја зајакнеме верата. Меѓутоа, ако само набрзина ги читаме извештаите за нив, нема да си ја зајакнеме верата толку колку што би можело. Затоа, да ги проучуваме овие извештаи длабоко и под молитва. Да си одвоиме доволно време за да го прочитаме контекстот и да побараме додатни информации поврзани со извештајот. Овие несовршени мажи и жени ќе ни станат уште пореални и ако не заборавиме дека имале „исти чувства како и ние“ (Јак. 5:17, фус.). Тоа што ќе се соживееме со нив ќе ни помогне да си замислиме како се чувствувале кога стоеле пред извесни предизвици и проблеми слични на оние со кои се соочуваме и ние денес.
7-9. а) Како ќе се чувствувале верните мажи и жени од минатото да можеле да го прават она што го правиме ние денес? б) Зошто треба да продолжиме да си ја зајакнуваме верата со дела?
7 Нашата вера ја зајакнуваме и со нашите постапки. Како што знаеме, „верата без дела е мртва“ (Јак. 2:26). Замисли си колку ќе се радувале библиските личности за кои читавме ако можеле да го прават она што Јехова го бара од нас денес!
8 На пример, помисли како ќе се чувствувал Авраам ако, наместо на примитивни жртвеници подигнати во пустината, можел да го обожава Јехова со многу свои соверници во удобни Сали на Царството и на големи конгреси, каде што ветувањата кои тој ги видел само „оддалеку“ се објаснуваат до најситен детаљ. (Прочитај Евреите 11:13.) Или, како ќе му било на Илија ако, наместо да ги погуби злобните пророци на Ваал и да му служи на Јехова под власта на еден злобен отпаднички цар, требало да оди кај луѓето со една мирољубива порака која им влева утеха и надеж? Овие верни луѓе од минатото сигурно со радост ќе ја прифателе можноста да му служат на Јехова онака како што му служиме ние денес.
9 Затоа, да продолжиме да си ја зајакнуваме верата со дела. Така ќе го применуваме во животот сето она што
сме го научиле од верните луѓе кои се спомнуваат во Божјата Реч. Како што беше кажано во Воведот, на тој начин овие верни луѓе ќе ни станат уште поблиски пријатели. А наскоро ќе можеме и лично да се запознаеме со нив.10. Која радосна прилика ќе ја имаме во рајот?
10 Никогаш да не ја изгубиме од вид нашата надеж. Верните луѓе секогаш црпеле сили од надежта што им ја давал нивниот Бог. Дали и ти го правиш тоа? На пример, замисли си колку радосен ќе биде моментот кога лично ќе ги запознаеме верните слуги на Бог што ќе воскреснат. (Прочитај Дела 24:15.) Што би сакал да ги прашаш?
11, 12. Во новиот свет, кои прашања би можел да им ги поставиш на: а) Авел? б) Ное? в) Авраам? г) Рут? д) Авигеја? ѓ) Естира?
11 Кога ќе се видиш со Авел, дали ќе го прашаш какви биле неговите родители? А можеш и да го прашаш: „Дали некогаш се обиде да зборуваш со херувимите што ја чуваа рајската градина? Дали ти одговорија нешто?“ А што би сакал да дознаеш од Ное? Можеш да го прашаш: „Дали ти беше страв од нефилите? Како се грижеше за животните во арката цела година?“ Авраам би можел да го прашаш: „Дали лично го запозна Сем? Од кого научи за Јехова? Ти беше ли тешко да заминеш од Ур?“
12 Размисли и за некои прашања што би можел да им ги поставиш на верните жени кои ќе воскреснат. На пример: „Рут, што те поттикна да почнеш да му служиш на Јехова?“ „Авигеја, ти беше ли страв да му кажеш на Навал дека му помогна на Давид?“ „Естира, каков ви беше животот тебе и на Мардохеј по она што е запишано за вас во Библијата?“
13. а) Кои прашања можеби ќе ти ги постават оние што ќе воскреснат? б) Какви чувства ти буди помислата дека ќе можеш да се запознаеш со верните мажи и жени од минатото?
13 Се разбира, можеби и тие верни луѓе ќе имаат многу прашања за тебе. Сигурно ќе ти биде интересно да им раскажеш за последните денови и за тоа како Јехова го благословувал својот народ во тешки времиња. Несомнено ќе бидат длабоко трогнати кога ќе дознаат како Јехова ги исполнил сите свои ветувања. Во убавата иднина што нѐ чека, повеќе нема да има потреба да си ги замислуваме верните Божји слуги за кои читаме во Библијата. Конечно ќе бидеме со нив, во прекрасен рај! Затоа, дај сѐ од себе живо да си ги претставиш тие ликови. Продолжи да се угледуваш на нивната вера и со радост чекај го времето кога ќе можеме заедно да му служиме на Јехова засекогаш!