Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Бог е со мене

Бог е со мене

Преземи:

  1. 1. Штом станав, се спремив за новиот ден.

    Се помолив пак да сум смирен и смел.

    Да не сведочам јас, невозможно е.

    Бог ќе го слушам — тој е над сѐ.

    (РЕФРЕН)

    Штом ќе се помолам, чувствувам мир јас во душава.

    Бог е со мене — зар некој помоќен е?

    Бог е со мене — зар некој помоќен е?

  2. 2. Размислувам јас за денот изминат,

    тој осамен човек в глава ми е.

    Ќе се молам за пак да се сретнеме.

    Знам, посреќен ќе е со Божјата Реч.

    (РЕФРЕН)

    Штом ќе се помолам, чувствувам мир јас во душава.

    Бог е со мене — зар некој помоќен е?

    Бог е со мене — зар некој помоќен е?

    (ПРЕМИН)

    Како оган во срце Речта ми е.

    Ќе зборувам за добрата вест.

    Божјето име најважно е.

    За него да чујат, ќе направам сѐ.

    Моите браќа се борат без страв.

    Ќе бидам и јас верен до крај.

    И за Јехова ќе пеам на глас.

    Новиот свет е тука, на праг.

  3. 3. Пред да затворам очи вечерва,

    срце ќе излеам во молитва.

    Што ли следниот ден ќе донесе?

    Штом е крај мене Бог, сеедно е.

    (РЕФРЕН)

    Штом ќе се помолам, чувствувам мир јас во душава.

    Бог е со мене — зар некој помоќен е?

    Бог е со мене — зар некој помоќен е?