Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Surasak Suwanmake/Moment via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Глобален топлотен бран 2023 — што вели Библијата?

Глобален топлотен бран 2023 — што вели Библијата?

 Целиот свет е погоден од топлотен бран со рекордно високи температури и екстремни временски услови. Еве некои извештаи:

  •   „Светот го доживува најжешкиот јуни во последниве 174 години откако се мери температура на воздух“ (Националната океанска и атмосферска администрација при Министерството за трговија на САД, 13 јули 2023).

  •   „Италија, Шпанија, Франција, Германија и Полска се погодени од топлотен бран со температури кои на Сицилија и Сардинија се очекува да достигнат до 48°C — веројатно највисоките температури некогаш измерени во Европа“ (Европска вселенска агенција, 13 јули 2023).

  •   „Нашата планета сѐ повеќе се загрева и се очекува дека ќе има сѐ почести и пообилни врнежи од дожд што ќе доведе и до сѐ поразорни поплави“ (Стефан Уленбрук, директор за хидрологија, вода и криосфера при Светската метеоролошка организација, 17 јули 2023).

 Дали сѐ почестите извештаи за вакви екстремни временски услови те загрижуваат? Види што вели Библијата за оваа актуелна тема.

Дали екстремните временски услови се исполнување на библиските пророштва?

 Да. Глобалните топлотни бранови и другите екстремни временски непогоди одговараат на она што Библијата го прорекува за нашево време. На пример, Исус прорекол дека ќе има „стравотии“ или „необични и страшни појави“ (Лука 21:11, Превод Радосна Вест). Мнозина стравуваат дека, поради сѐ повисоките температури на глобално ниво, луѓето ќе ја уништат Земјата.

Дали Земјата ќе стане непогодна за живеење?

 Не. Бог ја создал Земјата засекогаш да ни биде дом и нема да дозволи луѓето да ја уништат (Псалм 115:16; Проповедник 1:4). Всушност, тој ветил дека ќе „бидат уништени оние што ја уништуваат земјата“ (Откровение 11:18).

 Библијата покажува дека Бог може и дека ќе ја заштити Земјата од еколошка катастрофа.

  •   „[Бог] ја смирува бурата за да настане тишина, па се смируваат морските бранови“ (Псалм 107:29). Бог има моќ да ги држи под контрола природните елементи. Тој може да ги поправи сите еколошки проблеми поради кои луѓето денес се мачат со екстремни временски услови.

  •   „Милостиво ја гледаш земјата и ѝ даваш изобилство, многу ја збогатуваш“ (Псалм 65:9). Со благослов од Бог, Земјата ќе стане рај.

 За да дознаеш нешто повеќе во врска со библиското ветување дека Земјата ќе биде обновена, види ја статијата „Дали човекот ќе ја уништи Земјата?