Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Marek M. Berezowski/Anadolu Agency via Getty Images

БИДЕТЕ БУДНИ!

Една година од војната во Украина — каква надеж дава Библијата?

Една година од војната во Украина — каква надеж дава Библијата?

 Во петок, 24 февруари 2023 год., ќе се наврши една година од почетокот на ужасната војна во Украина. Според некои извештаи, досега се убиени или ранети околу 300.000 украински и руски војници, и се верува дека околу 30.000 цивили загинаа во војната. Сепак, бројките може да се и поголеми.

 За жал, се чини дека крајот на војната не е на повидок.

  •   „Помина речиси една година откако руската војска навлезе во Украина и сѐ уште нема показатели дека војната ќе заврши наскоро. Се чини дека ниту една страна нема да извојува целосна победа, ниту пак дека ќе се најде решение за кое двете страни ќе се согласат“ (National Public Radio, 19 февруари 2023).

 Сосема е разбирливо тоа што многу луѓе се тажни поради болката и страдањето кои оваа и други војни им ги предизвикуваат на невини луѓе низ целиот свет. Каква надеж дава Библијата? Дали некогаш ќе им дојде крај на војните?

Војна која ќе им стави крај на сите војни

 Во Библијата се зборува за војна која нема да го уништи, туку ќе го спаси човештвото. Таа војна е позната како Армагедон и е опишана како „војната која ќе се случи во големиот ден на Семоќниот Бог“ (Откровение 16:14, 16). Со оваа војна, Бог ќе му стави крај на човечкото владеење, кое предизвикало голем број опустошувачки војни. За да дознаеш како Армагедон ќе донесе вистински и траен мир, прочитај ги следниве статии: