Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Поглед во светот

Поглед во светот

САД

Едно истражување покажа дека речиси една третина од пешаците не внимаваат кога преминуваат прометни улици затоа што слушаат музика, зборуваат на телефон итн. Најопасно е кога праќаат пораки. За разлика од оние што внимаваат, на оние што праќаат пораки им треба 18 отсто повеќе време за да ја преминат улицата. Освен тоа, кај нив има 3,9 пати поголема веројатност да поминат на црвено, да преминат на непрописно место или без да погледнат на двете страни.

Нигерија

Трговците со луѓе што криумчарат жени од Нигерија во Европа ги тераат жените да им се заколнат на верност на ритуална церемонија што ја предводи џуџу-свештеник. За да ги држат жените под контрола како сексуални робинки, овие трговци го искористуваат нивниот вкоренет страв дека духовите ќе ги казнат ако се непослушни.

Шпанија

Помеѓу 5 и 10 отсто од лицата кои подолго време се невработени во својата кратка биографија не наведуваат дека имаат факултетска диплома или работно искуство бидејќи може да бидат сметани за премногу квалификувани.

Свет

Чадот од примитивните шпорети на дрва се смета за главна причина за смрт во земјите во развој, каде што умираат четири милиони луѓе годишно од болести на дишните органи предизвикани од чад. Истражувачите велат дека штетните хемикалии што ги испуштаат шпоретите на дрва или на јаглен се исто толку опасни колку и чадот од цигарите.