Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

СЛУЧАЈНО ИЛИ СОЗДАДЕНО?

Каква улога имаат мустаќите на мачките

Каква улога имаат мустаќите на мачките

ДОМАШНИТЕ мачки обично се активни ноќе. Мустаќите им помагаат да ги распознаваат предметите во нивна близина и да го ловат својот плен.

Размисли: Мустаќите на мачките се прицврстени за ткива кои имаат голем број нервни завршетоци. Овие завршетоци се чувствителни дури и на најмалите струења на воздухот. Токму затоа, мачките можат да знаат каде се наоѓаат предметите без да ги видат — нешто што им е особено корисно кога е темно.

Бидејќи со своите мустаќи го регистрираат струењето на воздухот, мачките можат да ги одредат положбата и движењето на некој предмет или на пленот. Мустаќите исто така им помагаат да ја измерат ширината на некој отвор пред да се обидат да се протнат низ него. Во една енциклопедија стои: „Иако улогата на мустаќите на мачките не е целосно позната, јасно е дека, ако им се исечат мустаќите, тие ќе бидат привремено онеспособени“ (Encyclopædia Britannica).

Научниците конструираат роботи кои имаат сензори слични на мустаќите на мачките. Овие сензори се наречени електронски мустаќи и им помагаат на роботите непречено да се движат. Али Џавеј, кој е научник на Калифорнискиот универзитет во Беркли, вели дека овие сензори „ќе имаат широка примена во напредната роботика, во конструирањето роботи управувани од човек и во медицината“.

Што мислиш? Дали мустаќите на мачките настанале по пат на еволуција или се дело на мудар Творец?