СОВЕТИ ЗА СЕМЕЈСТВАТА | ЗА РОДИТЕЛИТЕ
Како да ги научиш децата на послушност
ПРЕДИЗВИК
Ти и твоето четиригодишно дете постојано се расправате и на крај секогаш излегува по негово.
-
Кога ќе му кажеш да направи нешто што не сака да го направи, се преправа дека не те слуша.
-
Кога ќе му кажеш да не прави нешто што сака да го прави, добива напад на бес.
Се прашуваш: ‚Дали ова е само една фаза која ќе помине? Дали со текот на времето детето ќе престане да се однесува на ваков начин?‘
Немој да се откажуваш — ти можеш да го научиш твоето дете на послушност. Но, пред да разгледаме како да го сториш тоа, да видиме една можна причина за неговата непослушност.
ЗОШТО ДЕТЕТО Е НЕПОСЛУШНО
Кога ти се роди детето, твојата главна улога беше да се грижиш за него. Само што ќе заплачеше, ти веднаш се стрчуваше кон него за да видиш што му треба. Се разбира, тоа е сосем нормална и природна реакција бидејќи на новороденчињата и на малите дечиња им е потребно целосно внимание од родителите.
Откако детето ќе се навикне на таквата грижа, разбирливо е да се однесува како да е газда во куќата, а неговите родители како да се слуги кои се тука за да му ги исполнуваат желбите. Затоа, обично кога ќе наполни две годинки, детето се соочува со една сурова реалност: неговото мало „царство“ се руши. Родителите повеќе не ги слушаат неговите наредби, туку очекуваат детето да ги слуша нивните. Оваа ненадејна промена може да ги шокира децата. Поради тоа, некои деца добиваат напади на бес, а други стануваат непослушни.
Во тој критичен период родителите треба да преземат нова улога — треба да се постават како авторитет и јасно да му стават до знаење на детето што очекуваат од него. Но, што можат да направат ако детето не сака да ги послуша или се бунтува?
ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ
Постави се како авторитет. Твоето дете нема да биде послушно сѐ додека не те гледа како авторитет. Затоа, треба да покажеш дека ти си тој што има авторитет, но притоа да бидеш урамнотежен. Веќе неколку децении, некои експерти го прикажуваат зборот „авторитет“ во Изреки 29:15.)
негативно светло. Еден експерт дури вели дека авторитетот на родителите ‚се коси со етиката и моралот‘. Но, доколку родителите се попустливи, децата може да бидат збунети, разгалени и да мислат дека целиот свет се врти околу нив. Попустливоста нема да ги подготви децата да ги прифатат одговорностите што ги носи животот. (Библиско начело:Дисциплинирај го детето. Според еден речник, зборот дисциплина се дефинира како „воспитување кое поттикнува на послушност и самоконтрола, и кое се спроведува преку правила кои, ако се прекршат, повлекуваат казна“. Се разбира, родителите никогаш не треба да бидат неразумни или сурови додека ги дисциплинираат своите деца. Од друга страна, дисциплината не треба да биде пружена на нејасен и попустлив начин бидејќи тоа нема да го поттикне детето да се смени. (Библиско начело: Изреки 23:13.)
Биди јасен и директен. Кога бараат нешто од своето дете, некои родители како да му даваат можност да избере дали ќе ги послуша или не. („Ќе сакаш ли да си ја средиш собата?“) Можеби си мислат дека на тој начин покажуваат добри манири. Но, тоа може да го поткопа авторитетот на родителите и да му даде простор на детето да размисли што ќе изгуби, а што ќе добие ако послуша, и потоа да одлучи дали воопшто вреди да послуша. Наместо да го погазиш својот авторитет, јасно и директно кажи му на детето што бараш од него. (Библиско начело: 1. Коринќаните 14:9.)
Биди доследен. Ако за нешто речеш ‚не‘, стој си на зборот. Имај на ум дека е многу важно децата да видат дека и ти и твојот сопружник сте согласни за одлуката. Доколку си му кажал на детето дека ќе го казниш ако биде непослушно, спроведи ја казната. Не му дозволувај да преговара со тебе и не се впуштај во бесцелни дискусии околу тоа зошто си донел некоја одлука. Ќе му биде многу полесно на детето, а и тебе, ако твоето ‚да‘ значи ‚да‘ и твоето ‚не‘ значи ‚не‘ (Јаков 5:12).
Покажувај љубов. Во семејството не треба да владее ниту демократија ниту диктатура. Зошто? Затоа што семејството е уредување кое го основал Бог и во кое родителите треба со љубов да им помогнат на децата да израснат во зрели и одговорни личности. Ако ги дисциплинираш своите деца, ќе им помогнеш да бидат послушни и ќе ги увериш дека вистински ги сакаш.