ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БИБЛИЈАТА МОЖЕ ДА ТИ БИДЕ ИНТЕРЕСНА!
Како може Библијата да ти го подобри животот?
Библијата не е обична книга. Во неа се запишани совети од оној што нѐ создал (2. Тимотеј 3:16). Нејзината порака може да има големо влијание врз нас. Всушност, во самата Библија стои: „Речта Божја е жива и делотворна“ (Евреите 4:12). Таа има моќ да ни го подобри животот на два важни начина — да ни даде совети за секојдневниот живот и да ни помогне да дознаеме повеќе за Бог и за неговите ветувања (1. Тимотеј 4:8; Јаков 4:8).
Ни дава совети за секојдневниот живот. Библијата може да ни помогне во работи што се од лична природа. Таа ни дава совети за:
- Нашите односи со другите (
-
Емоционалното и физичкото здравје (Псалм 37:8; Изреки 17:22).
-
Моралните вредности (1. Коринќаните 6:9, 10).
-
Грижата за материјалните потреби (Изреки 10:4; 28:19; Ефешаните 4:28). *
Еден млад брачен пар од Азија има големо ценење за советите од Библијата. Како што е случај со многу нововенчани парови, во почетокот не им било лесно да се навикнат на меѓусебните разлики и да разговараат отворено. Но, почнале да го применуваат она што го читале од Библијата. Дали тоа им помогнало? Сопругот, по име Висент, вели: „Советите од Библијата ми помогнаа да ги решавам проблемите на љубезен начин. Благодарение на нив, имаме среќен заедничкиот живот“. Со тоа се согласува и неговата сопруга, Аналу, која вели: „Добрите примери на личности од Библијата многу ни помогнаа. Сега имаме среќен брак и цели што ни носат задоволство“.
Ни помага да го запознаеме Бог. Бракот не е единственото поле на кое Библијата му помогнала на Висент. Тој вели: „Сега, кога ја читам Библијата, се чувствувам поблизок со Јехова Бог * од кога и да било порано“. Овие зборови покажуваат нешто важно — ако ја читаш Библијата, ќе можеш да го запознаеш Бог. Така, не само што ќе извлечеш корист од неговите совети туку и ќе се зближиш со него. Освен тоа, ќе видиш дека во Библијата се откриени детали за една поубава иднина, едно многу подобро време кое ќе трае засекогаш и е наречено „вистинскиот живот“ (1. Тимотеј 6:19). Нема друга книга што може да ти го даде сето тоа.
Ако почнеш да ја читаш Библијата и не се откажеш, и ти ќе можеш да имаш подобар живот сега и да бидеш близок со Бог. Сепак, додека ја читаш, веројатно ќе ти се појават многу прашања. Така било и со еден етиопски службеник кој живеел пред 2.000 години. Додека читал дел од Библијата, го прашале дали го разбира тоа што го чита. Тој одговорил: „Како ќе го разберам ако никој не ме упати?“ * Потоа ја прифатил помошта од Филип, еден од првите ученици на Исус кој веќе добро ја познавал Библијата (Дела 8:30, 31, 34). Ако и ти сакаш да дознаеш нешто повеќе за Библијата, пополни го онлајн барањето на www.mr1310.com/mk или пиши на некоја од адресите наведени во ова списание. Исто така, можеш да стапиш во контакт со Јеховините сведоци во твоето место или да појдеш на некој од состаноците што се одржуваат во нивните сали. Зошто не си го подобриш животот така што уште денес ќе почнеш да ја читаш Библијата?
Доколку не си сигурен дали можеш да имаш доверба во Библијата, погледни го видеоклипот Дали Библијата е книга од Бог? Можеш да го најдеш така што ќе одиш на jw.org/mk и ќе кликнеш на ИЗДАНИЈА > ВИДЕОТЕКА > БИБЛИЈА.
^ пас. 8 За да најдеш совети од Библијата и на други полиња, оди на нашата интернет-страница, jw.org/mk. Кликни на БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА.
^ пас. 10 Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата.
^ пас. 11 Види ја и статијата со наслов „Можеш ли сам да ја разбереш Библијата?“, која се наоѓа во овој број.