Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БИБЛИЈАТА — КАКО БИЛА ЗАЧУВАНА?

Зошто била зачувана Библијата

Зошто била зачувана Библијата

Библијата е зачувана до ден-денес. Како резултат на тоа, лесно можеш да ја набавиш и да ја читаш. А ако одбереш добар превод, можеш да бидеш сигурен дека читаш веродостоен препис на изворниот текст. * Но, зошто Библијата успеала да го преживее забот на времето, силното противење и обидот да биде изменета, и тоа честопати на просто неверојатен начин? Што ја прави оваа книга толку посебна?

„Сега сум сигурен дека Библијата што ја имам е дар од Бог“

Многу истражувачи на Библијата дошле до истиот заклучок како и апостол Павле, кој напишал: „Целото Писмо е вдахновено од Бог“ (2. Тимотеј 3:16). Тие се уверени дека Библијата успеала да опстане затоа што е Божја Реч и затоа што Бог е тој што ја зачувал до ден-денес. Фајзел, кој беше спомнат во првата статија, решил лично да се увери во тоа така што ќе ја проучува. Она што го открил го изненадило. Сфатил дека во Библијата нема основа за многу од учењата на христијанските цркви. Освен тоа, бил среќен кога од неа дознал каква убава намера со Земјата има Бог.

„Сега сум сигурен дека Библијата што ја имам е дар од Бог“, вели Фајзел. „На крајот од краиштата, ако Бог можел да ја создаде вселената, зар не би можел да им даде книга на луѓето и да ја сочува за нив? Во спротивно би било исто како да речеш дека Бог не е доволно моќен — дека Семоќниот е ограничен во моќта! А кој сум јас да тврдам такво нешто?“ (Исаија 40:8).

^ пас. 3 Види ја статијата „Како да избереш добар превод на Библијата?“ во изданието на ова списание од 1 мај 2008.