Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Повеќе не се плашат од крајот

Повеќе не се плашат од крајот

Повеќе не се плашат од крајот

ВО ВТОРАТА половина на 1970-тите, Гери и Карен биле уверени дека крајот на светот бил близу. Затоа, се преселиле на село и одлучиле да живеат сосема изолирано и да се снаоѓаат како што знаат и умеат. Сакале да го преживеат крајот.

За да научат сѐ што ќе им било потребно за да опстанат, тие купувале книги, оделе на курсеви и семинари и разговарале со колку што е можно повеќе луѓе. Си засадиле бавча и 50 мали овошки. Собрале разни семиња и алатки. Научиле да одгледуваат и да складираат храна. Некоја пријателка ги научила да колат стока и да конзервираат месо. Карен научила да ги разликува растенијата и корењата во шумата за да имаат што да јадат ако им се потрошат резервите храна. Гери научил да прави гориво од пченка, направил метална печка на дрва и изградил куќичка во која живееле без да зависат од надворешниот свет.

„Поради лошата ситуација во светот во тоа време“, вели Карен, „мислев дека човечката цивилизација многу брзо се движи кон пропаст.“ Гери објаснува: „Како и други млади луѓе, активно се борев против расизмот, против Виетнамската војна и против корупцијата. Но, брзо се разочарав. Ми се чинеше дека човештвото е на пат на самоуништување“.

„Една вечер“, вели Гери, „имав малку слободно време, па ја зедов Библијата и ја прочитав од Матеј до Откровение. Наредните четири вечери повторно читав од неа. Петтото утро ѝ реков на Карен: ‚Живееме во последните денови. Бог наскоро ќе ја исчисти Земјата. Мора да ги најдеме оние што ќе преживеат‘.“ Гери и Карен почнале да одат од религија до религија, барајќи ги луѓето што биле решени да се подготват за крајот.

Наскоро, еден Јеховин сведок дошол на нивната врата и тие почнале да ја проучуваат Библијата. „Многу бев возбудена“, се сеќава Карен, „затоа што Сведоците убаво ми објаснуваа што вели Светото писмо. Ја барав вистината за времето на крајот, и конечно ја најдов. Добив сигурна надеж за една убава иднина. Но, што е уште поважно, почнав да се спријателувам со мојот небесен Татко, Творецот и Богот на вселената.“

Гери вели: „Мојот живот доби вистинска смисла. Штом почнав да ја проучувам Библијата, не можев да престанам. Ќе прочитав некое библиско пророштво, ќе ги разгледав доказите за неговото исполнување и така ќе се уверев дека Бог наскоро ќе дејствува. Си мислев: ‚Луѓето не треба да се подготвуваат за катастрофа, туку за живот каков што ни посакува Бог‘“. Гери и Карен почнале да гледаат позитивно на иднината. Наместо да стравуваат дека ќе му дојде крај на светот, се увериле дека Бог ќе ги реши проблемите што го измачуваат човештвото и дека ќе ја претвори Земјата во рај.

Што прават Гери и Карен сега, по 25 години? Карен вели: „И понатаму си ги зајакнувам љубовта и верата во Јехова Бог, и се обидувам да им помогнам и на другите да го сторат истото. Гери и јас си помагаме и се грижиме семејството да остане цврсто и обединето во службата за Бог. Се трудиме да бидеме организирани и да живееме едноставно за да можеме да се сосредоточиме на другите и на нивните потреби“.

Гери додава: „Постојано се молам да дојде Божјето Царство и да им помогне на милиони луѓе. Секогаш кога им ја пренесувам на другите добрата вест за Божјето Царство, се молам да успеам барем на едно лице да му влеам малку надеж од Библијата. Веќе преку 25 години Јехова љубезно ми одговара на таквите молитви. Иако јас и Карен веруваме дека Јехова наскоро ќе предизвика големи промени на Земјата, повеќе не се плашиме од крајот“ (Матеј 6:9, 10; 2. Петрово 3:11, 12).

[Слика на страница 9]

Гери и Карен сега радосно им помагаат на другите да стекнат надеж од пораката од Библијата