Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Треба ли да му поставуваме прашања на Бог?

Треба ли да му поставуваме прашања на Бог?

НЕКОИ велат дека е погрешно да му се поставуваат прашања на Бог. Можеби си мислат дека ќе покажат непочитување ако го прашаат Бог зошто допушта или не допушта да се случат некои работи. Дали и ти мислиш така?

Ако да, можеби ќе се изненадиш кога ќе дознаеш дека многу добри луѓе му поставувале прашања на Бог. Да спомнеме неколку примери.

Верниот човек Јов прашал: „Зошто остануваат живи злите, дочекуваат старост и се богатат повеќе отколку другите?“ (Јов 21:7).

Верниот пророк Авакум прашал: „Зошто ги гледаш оние што постапуваат предавнички и молчиш кога злобниот го проголтува поправедниот од себе?“ (Авакум 1:13).

Исус Христос прашал: „Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?“ (Матеј 27:46).

Ако ги прочиташ библиските стихови пред и по овие искрени прашања, ќе видиш дека Јехова * Бог воопшто не се навредил кога му ги поставиле. Всушност, тоа не треба да нѐ изненади. На пример, Бог не се навредува кога бараме од него да ги задоволи нашите основни потреби за да бидеме физички здрави. Тој со радост ни ги исполнува тие барања (Матеј 6:11, 33). Слично на тоа, спремно ни кажува што може да ни помогне да бидеме психички и емоционално здрави (Филипјаните 4:6, 7). Исус им рекол на своите ученици: „Молете, и ќе ви се даде“ (Матеј 7:7). Контекстот на ова ветување покажува дека Исус не зборувал само за добивање материјални работи туку и за добивање одговор на некои важни прашања.

Кога би можел, кое од следниве прашања би сакал да му го поставиш на Бог?

  • Дали мојот живот има смисла?

  • Што ќе се случи со мене откакоќе умрам?

  • Зошто дозволуваш да страдам?

Бидејќи „целото Писмо е вдахновено од Бог“, одговорите што ни ги дава ќе ги најдеме во неговото Свето писмо, Библијата (2. Тимотеј 3:16). Да видиме што навело некои луѓе да ги постават овие прашања и какви одговори дава Библијата.

^ пас. 7 Јехова е името на Бог, кое го дознаваме од Библијата.