Одговор на библиски прашања
Што значи да бидеш добар родител?
За среќно детство е потребен топол дом во кој родителите се сакаат и се почитуваат (Колошаните 3:14, 19). Добрите родители ги сакаат своите деца и знаат да ги пофалат, исто како што Јехова Бог во повеќе прилики го пофалил својот Син. (Прочитај Матеј 3:17.)
Нашиот небесен Татко ги слуша молитвите на своите слуги и обрнува внимание на нивните чувства. Родителите треба да учат од него и да слушаат кога децата сакаат да им кажат нешто (Јаков 1:19). Тие треба да покажат разбирање за чувствата на детето, дури и кога искажува негативни чувства. (Прочитај 4. Мојсеева 11:11, 15.)
Како да ги изведеш децата на прав пат?
Како родител, имаш авторитет да поставуваш правила (Ефешаните 6:1). Учи од Бог. Тој покажува љубов кон своите деца така што јасно им кажува кои се правилата и какви ќе бидат последиците ако не му се послушни (1. Мојсеева 3:3). Но, тој не ги присилува луѓето да му бидат послушни, туку ги поучува дека е за нивно добро да го прават она што е исправно. (Прочитај Исаија 48:18, 19.)
Постави си за цел да им всадиш на своите деца љубов кон Бог. Така ќе постапуваат мудро дури и кога не си со нив. Исто како што Бог нѐ поучува со својот пример, така и ти со твојот пример поучи ги своите деца да го сакаат Бог. (Прочитај 5. Мојсеева 6:5-7; Ефешаните 4:32; 5:1.)